Клубовите ќе им играат во Супeрлигата, но навивачите протестираат против елитистичкиот проект

Фудбалските симпатизери во Европа се спротивставија на идејата да се игра европска Суперлига од 2024 година наместо сегашната Лига на шампиони, а фан-базата постојано расте и интересно е што има многу навивачи на клубови што сигурно ќе играат во новиот проект на УЕФА.

За старт испратија протестно писмо до европската клупска асоцијација, ЕКА, чиј претседател е Андреа Ањели, еден од иницијаторите на проектот Суперлига на Европа.

„Вашата идеја да се преструктуира Лигата на шампионите со ваков проект наречен Суперлига е сериозна закана за фудбалот. Монополизирањето на моќта, привилегијата на исти клубови да играат постојано во лигата, без разлика на тоа дали заслужуваат, или не, рангирање на основа на резултати од минатото се само дел од проблемите што ќе го уништат европскиот клупски фудбал“, пишува во дел од соопштението на навивачите, кои се организираа со протест против Суперлигата.

Замислено е од 2024 година да играат 36 клуба, наместо сегашните 32 во Лигата на шампоионите, со поинаков ситем и 225 натпревари, наместо досегашните 125.

Интересно е што инцијативата ја покренаа и ја поддржуваат и навивачи на Манчестер јунајтед, Арсенал, Ајакс, Баерн, Борусија Дортмунд… клубови кои речиси сигурно ќе играат во новата Суперлига на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести