Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево (17 часот), гостува во Букурешт каде што ќе одигра првиот дуел од баражот против Романија за пласман на Светското првенство 2021.
Избраничките на Симе Симовски одработија добри подготовки во пресрет на тешкото гостување, а како што кажа селекторот, најмногу внимание се обрна на одбраната.
Романките се апсолутни фаворитки според квотите во Sport Life, „кецот“ е само 1.07 наспротив „двојката“ во корист на Македонија од 17 квота. Сепак, ние веруваме во чудо како спортска нација која честопати ја надминувала улогата на аутсајдери.
Романките имаат само две победи во последните 10 меча, додека загубија во осум наврати. Македонија е далеку во подобра форма со четири победи во низа, па ниту фактот што ги загуби двата меча против Романија не ја нарушуваат самодовербата на нашата репрезентација.
По денешниот дуел, реваншот во Скопје е предвиден за 21 април во истиот термин од 17 часот.