Фер-плејот не е мртов: капитенот на Калјари го тешеше расплаканиот играч на Парма

Фотографијата како Жоао Педро седи до Јасмин Куртиќ и го теши расплаканиот фудбалер на Парма, го воодушеви фудбалскиот свет. Калјари во луд меч вечерва ја совлада Парма со 4-3, Калјари даде два гола во судиското продолжение и направи голем пресврт. Со овој пораз, Парма се доближува до испаѓање во Серија Б, и затоа поразот тешко им падна на гостите кои водеа во 90-та минута.

Педро наместо да оди да ја слави победата, седна на терен до неговиот поранешен клупски колега и го тешеше.

- Оглас -

Најнови вести