Големата награда на Емилија Ромања во Италија, денеска по 29. пат ќе се оддржи на легендарната патека во Имола, а според проценките на експертите има само два фаворити за победа.
Лидерот и актуелен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ја има пол-позицијата и е фаворит број еден за триумф и ќе се обиде да победи и на втората трка сезонава.
Британецот успеа да слави во Бахреин на премиерата на 28. март, иако тогаш Марк Ферстапен ја имаше пол-позицијата. Сега Холанѓанецот ќе се обиде да се реваншира и да ја забележи првата победа во новиот циклус на Ф1 циркусот.
Одлична трка во битката за пол-позицијата имаше и Серхио Перес, пилот на Ред Бул Рејсинг-Хонда и тој ќе биде веднаш зад Хамилтон на стартот на денешната трка, токму пред Ферстапен, Леклер и Гасли.