Формула 1 трката за Големата награда на Емилија Ромања која се вози на патеката во Имола, беше прекината, откако Валтери Ботас и Џорџ Расел излетаа на „Тамбурело“, и оставија многу остатоци низ патеката. За нив трката е завршена, а добра вест е што никој од нив не е повреден во инцидентот.
Непосредно пред ова, на влажната патека излета и шампионот Луис Хамилтон. Пилотот на Мерцедес направи грешка како ретко кога во последните сезони, но за негова среќа, успеа да се извлече и ќе продолжи да се трка, но од деветто место. Добра околност за Хамилтон е што има уште 30 круга до крајот, па секакви работи може да се случат.
Води Макс Ферстапен, а втор е Шарл Леклер.