Европскиот фудбал пред историски раскол, најбогатите клубови потпишале договор за Суперлига!

Цели 12 клуба постигнале договор за создавање на фудбалска Суперлига, објавуваат многу влијателни спортски медиуми од цела Европа. После неколку месеци тајни преговори, договорот е постигнат, и се најавува дека можеби ќе биде претставен уште утре.

Во таа нова Суперлига би играле шест тима од Англија: Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер сити (уште немаат потпишано), Тотенхем, Челзи и Арсенал, по три претставници би имале Шанија (Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид) и Италија (Милан, Интер и Јувентус).

Утре УЕФА требаше да ги обелодени новините околу промените во Лигата на шампиони кои би стртува во 2024 година, но најбогатите клубови ќе контрираат, и планираат формирање на своја затворена елитна лига, по примерот на кошаркарската Евролига.

Се воделе преговори и со други големи клубови, но Баерн Минхен и Борусија Дортмунд откажале да се обврзат дека уште во оваа етапа ќе им свртат грб на Бундеслигата и ЛШ. И француски ПСЖ го нема меѓу клубовите основачи, бидејќи нивниот претседател Насер Ал-Келаифи е член на бордот на УЕФА, а истотака е и шеф на телевизиската корпорација која дава милиони евра во УЕФА за телевизиски права.

Во УЕФА размислуваат да воведат санкции против клубовите основачи, има предлог дури и да им се стави забрана за учество во ЛШ за следната сезона и исфрлање од домашните првенства. Од УЕФА се закануваат со тужба и ќе бараат 50-60 милијарди евра. Против идејата за Суперлига се и лигите, па времето ќе покаже што ќе се случи.

Во Суперлигата би требало да има 16 постојани клубови, и уште четири кои би избориле пласман преку националните првенства. Би имало две групи по 10 тима, а во четвртфинале би оделе четирите најдобри од секоја група.

- Оглас -

Најнови вести