Европскиот фудбал веројатно нема да биде истиот доколку се оствари планот на 12-те гиганти кои склучија договор да формираат сопствена Суперлига, посебно натпреварување кое ќе биде елитно како и Лигата на шампионите.
Штом информациите излегоа на виделина, УЕФА веднаш реагираше и преку соопштение се закани дека ќе преземе ригорозни мерки против гигантите кои притискаат да играат во сопствена лига, што ќе оди на штета на меѓународните клупски првенства под капата на Европската фудбалска куќа.
„УЕФА и фудбалските федерации на Англија, Италија и Шпанија, се свесни околу планот на одредени клубови и нивната намера да формираат т.н. Суперлига. Доколку ова се случи, ние ќе бидеме приморани да преземеме правни мерки и ќе направиме сè што е во наша моќ да го спречиме проектот. Овој проект е во полза само на најбогатите клубови и нивните интереси, така што не е разбирлив овој потег во период кога на општеството ѝ е потребна солидарност повеќе од било кога.
Како што ФИФА и шесте федерации рпетходно потврдија, клубовите кои се дел од тој проект ќе бидат суспендирани, односно ќе им биде забрането да се натпреваруваат во домашните првенства, како и меѓународните натпреварувања, додека на нивните играчи ќе им биде одземено правото да ги застапуваат своите земји на интернационално ниво.
УЕФА им се заблагодарува на клубовите кои не сакаа да учествуваат во чиничниот проект, особено оние од Германија и Франција кои одбија да потпишат договор, а воедно ги повикуваме да ни се придружат во борбата да се одбрани европскиот фудбал“, стои во соопштението на УЕФА.
Full UEFA-led statement warning of legal action to stop club breaking away to form a Super League. Background here: https://t.co/NMfevc6ZG2 pic.twitter.com/EEjbgAUZiH
— Rob Harris (@RobHarris) April 18, 2021