Војната штотуку почна: УЕФА подготвува тужба од 60 милијарди евра за гигантите

Европската фудбалска куќа со соопштение остро реагираше на одлуката на фудбалските великани да креираат независен меѓународен шампионат – Суперлига, но се чини дека војната штотуку почнува.

Откако се појави информацијата дека повеќе од 12 европски гиганти потпишаа договор за формирање на Суперлигата со која би се урнала Лигата на шампионите, од правниот сектор на УЕФА најавија дека подготвуваат тужба тешка дури 60 милијарди евра против сите клубови кои прифатија во 2024 година да се отцепат од натпреварувањата кои се под капата на Европската фудбалска федерација.

Дополнително, казните за прифаќање, односно учество во Суперлигата ќе бидат суспензија од натпреварувањата на УЕФА, забрана за настап во домашните првенства, додека на играчите-членови на гигантите ќе им се одземе правото да настапуваат за своите репрезентации.

- Оглас -

Најнови вести