Oфицијално: 12 клуба се обединија за новата Суперлига!

Европскиот фудбал каков што го следиме наскоро ќе замине во историјата, 12-те најбогати клубови на Стариот Континент одлучија да формираат посебно меѓународно првенство кое ќе се нарекува Суперлига.

Преку официјални соопштенија, гигантите од Англија, Манчестер јунајтед и Сити, Ливерпул, Челзи, Арсенал, Тотенем, шпанските Реал и Атлетко Мадрид, Барселона, и од Италија Јувентус, Интер и Милан ја потврдија соработката околу новото елитно натпреварување со кое ќе управуваат самите. Уште три екипи се очекува да се приклучат пред почетокот на дебитантската сезона, за која се вршат напори да стартува во најскоро можно време.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, ќе биде прв човек на управниот одбор, додека Џо Глејзер, косопственикот на Манчестер јунајтед ќе биде потпретседател.

Штом се воспостават темелите на Суперлигата, најелитното натпреварување во најава би требало да почне во август, во кое ќе учествуваат вкупно 20 екипи, од кои 15 ќе бидат редовни, додека останатите пет тима од најдобрите 5 лиги во Европа ќе се одредуваат според успехот во домашното првенство од тековната сезона.

Натпреварите ќе се играат во текот на работната недела, веројатно вторник/среда, како што е во Лигата на шампионите, додека екипите ќе се поделат во две групи од по 10 тима. По два натпревари ќе се играат во групната фаза, односно дома – гости, а топ 3 екипите од двете групи одат директно во четвртфиналето.

Плејин ќе играат четвртиот и петтиот од двете групи, во двомеч ќе се одлучува за тстанатите две места во топ 8 фазата. Разбирливо, во нокаут-фазата ќе се играат два натпревари, или дома-гости, додека финалето е предвидено кон крајот на мај.

Воедно се прави план за Суперлига во женска конкуренција од истоимените екипи.

Од Европската фудбалска федерација веќе излегоа со став дека не поддржуваат самостојна т.н. Суперлига, по што ќе преземат ригорозни мерки, како отстранување на екипите од домашните првенства, но и забрана на самите фудбалери да настапуваат на интернационално ниво.

 

 

- Оглас -

Најнови вести