Вреди да се одигра: Три меча, а вкупна квота од 12.96

По возбудливиот викенд, понеделнички обично знае да биде „мирен“ ден на фудбалски план. Сепак, понудата која ја има и за денешните европски дуели, најавува интересни средби.

Во данското првенство Мидтјиланд се бори за титула и не смее да киксира на гостувањето кај Рандерс, екипа која е на последното шесто место на плејоф-табелата. За да не загуби гостинот, а да има погодоци на двете страни, коефициентот е одличен и изнесува 2.30.

Дербито во Шпанија е во втората лига, каде што лидерот Еспањол гостува на третопласираната Алмерија. И тука е важно гостите да не загубат, а да има меѓу 2 и 4 погодоци, а квотата за тоа е 2.30.

Од Топ 5 европските лиги единствен меч е тој меѓу Лидс и Ливерпул. За Ливерпул да даде барем еден гол во првото полувреме, а потоа да има и еден гол во вториот дел, коефициентот е 2.45.

Ако се одиграат сите три Квоти на денот на еден тикет, добивате вкупен коефициент од 12.96, што значи дека само за 100 вложени денари, можната добивка е 1.296 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести