Јасно е зошто ПСЖ кажа „НЕ“ на новата Суперлига, дали Светците без игра ќе бидат новите европски прваци!?

Пари Сен Жермен и Баерн Минхен се двата клуба кои играа во ланското финале од Лигата на шампионите покажувајќи дека се можеби и најсилните клубови во светот во моментов. Овие две екипи во изминативе 20-тина дена одиграа уште два фантастични меча во ЛШ, но овојпат во четвртфиналната фаза, а сега ПСЖ се радуваше на пласман во следната фаза, што значи дека Европа ќе добие нов фудбалски владетел.

Токму ПСЖ и Баерн Минхен, како и Борусија Дортмунд се трите клуба за кои има загарантирано место во новосоздадената Суперлига, но уште не се дел од неа. Додека се чека одговорот од германските екипи, јасно е зошто ПСЖ е против Суперлигата.

Иако постои голем ризик ПСЖ веќе да не игра против екипи како Барселона, Реал Мадрид или Манчестер сити, газдата на ПСЖ реши да остане верен на УЕФА. Шеикот Насер Ал-Калифи од 2019 година е член на Извршниот одбор на УЕФА, која е против создавањето на Суперлига. Причина плус ПСЖ да остане верна на УЕФА и ФИФА е фактот дека Катар ја доби организацијата за Светското првенство во 2022 година, со што се направи огромна промоција на фудбалот во тој дел од светот.

Засега, местото во новата Суперлига го потврдија Милан, Атлетко Мадрид, Арсенал, Челзи, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Реал Мадрид и Тотенхем. Овие клубови се јавија како основачи и никогаш нема да може да испаднат од Суперлигата. Трите клуба кои исто така треба да имаат загарантирано место дополнително се чека да бидат познати, додека пет клубови би учествувале според пласманот во првенствата. Тоа е идејата на новоформираната лига, но останува да се види дали ќе успее ваквата замисла.

УЕФА дури размислува веднаш да ги суспендира „одметниците“ од своите натпреварувања. Доколку тоа се случи, ПСЖ автоматски ќе биде новиот европски првак, ако се знае дека во полуфиналето останаа уште Манчестер сити, Челзи и Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести