Синдикатот на фудбалери, ФИФПро, соопшти дека се спротивставува на идеите на УЕФА за забранување на настап во репрезентациите за играчите кои ќе настапат во Суперлигата на богаташите.
„Фудбалот е изграден на социјално и културно наследство кое дава неповторлива поврзаност на навивачите со кои се како мотор. Новото натпреварување со кое се минимализира солидарната соработка помеѓу домашните и меѓународните натпреварувања може да му нанесе непоправлива штета на фудбалот. Жалиме што играчите се користат како имот и средство за борба во преговорите. Тоа е неприфатливо за 64-те национални асоцијации и 60-те илјади играчи кои ги застапуваме. Енергично ќе се спротивставиме на мерките кои ќе значат попречување на правата на играчите, како што е нивно исклучување од репрезентациите“, соопштија од ФИФПро.