Порто одби место во новоформираната Суперлига на Европа, но затоа сега Бенфика лобира за настап во друштво со уште 19 клубови во проектот што ќе тргне следната сезона, а предизвика многу полемики, протести и негодување во фудбалска Европа.
Еден од најпознатите португалски медиуми „Рекорд“ објави интересна информација и тврди дека популарните Орли се заинтересирани да бидат дел од Суперлигата.
According to @Record_Portugal, Benfica are lobbying to become the Portuguese representative of the European Super League. pic.twitter.com/c3p2u1Msv3
— Zach Lowy (@ZachLowy) April 20, 2021
Бенфика е најтрофејниот португалски клуб со 37 круни, но беше планирано 29-кратниот шампион на Португалија, Порто, да биде единствениот учесник во друштвото Г-20 од земјата на актуелниот европски првак.
И двете екипи имаат по две титули европски шампион, Бенфика во тогашниот КЕШ во 1961 и 1962 година, а Порто во 1987 во КЕШ и во 2004 година, кога веќе беше почнат новиот формат во Лигата на шампионите.
Досега е познато дека 12 клубови сигурно ќе учествуваат во Суперлигата, а треба да бидат вкупно 20 што ќе играат во новиот фудбалски проект на европските гиганти веќе од стартот на следната сезона.