Попуштаат нервите – Два англиски клуба размислуваат за повлекување од Суперлигата?

Притисокот на клубовите што ја формираа Суперлигата е голем, а интересна вест објавија англиските медиуми дека кај два од шесте англиски клубови попуштаат нервите и тешко се носат со притисокот на навивачите, па можно е сериозно да се размислува и за повлекување од проектот.

Не е тешко да се претпостави дека се работи за Манчестер јунајтед и Ливерпул, двата гиганти на англискиот фудбал и најтрофејни екипи бидејќи нивните навивачи направија огромен притисок со силни аргументи.

Групацијата на навивачи на Црвените ѓаволи опасно ги притисна челниците на клубот, а аргументот што го понудија е исклучителен и е за респект.

„Цел тим ни погина во 1958 година за идеалот Манчестер јунајтед да игра во Европа. Сега за пари луѓе што го водат клубот ги фрлија сите идеали на Манчестер јунајтед во ветар“, изјави Јан Стирлинг, еден од лидерите на огромната навивачка армија на Манчестер јунајтед.

И симпатизерите на Ливерпул реагираа слично, а една од познатите фракции Spion Kop ги симна транспарентите на Ливерпул, а објавено е дека ќе ги нема и знамињата што се препознатливи на „Енфилд роуд“.

Пристисок има и од премиерот на Англија, Борис Џонсон, кој истакна дека одлуката за формирање Суперлига со учество на шест англиски клубови е лоша за фудбалот и треба да се преиспита.

Покрај Манчестер јунајтед и Ливерпул, членови на Суперлигата што ќе стартува од идната сезона треба да бидат и Арсенал, Тотенхем, Манчестер сити и Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести