„Летаат глави“ низ цела фудбалска Европа: Јувентус остана без Ањели!

По вестите дека претседателот на Манчестер јунајтед, Ед Вудвард, поднел оставка, од Италија стигнаа вести дека тоа го направил и првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели. Највлијателниот човек во Јувентус беше еден од главните креатори на новата Суперлига, но многу веројатно е дека нецели 48 часа по најавите за формирањето на новата лига, ќе следува и распад.

Од Челзи први најавија дека ќе се повлечат од Суперлигата, а потоа иста најава стигна и од Манчестер сити. Потоа следуваше отказот на Ед Вудвард од Манчестер јунајтед, а претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави дека навивачите на каталонскиот гигант треба да одлучат дали на „Камп ноу“ ќе се играат мечеви од новоформираната Суперлига.

 

- Оглас -

Најнови вести