Фудбалот и навивачите може да прогласат голема победа против Суперлигата откако и Атлетико Мадрид преку официјално соопштение го потврди своето повлекување од елитното натпреварување, кое речиси сигурно нема да се случи.
Official statement.
— Atlético de Madrid (@atletienglish) April 21, 2021
По вчерашните притисоци од страна на навивачите, Челзи и Манчестер сити го направија првиот голем чекор кон откажување од своето учество, по што ги следеа и останатите гиганти од англиската шестка, Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем.
Напоредно, Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, изјави дека само навивачите одлучуваат дали Барса ќе биде дел од Суперлигата, што јасно е дека не го посакуваат тоа, а сега и Јорганџиите решија да одат по стапките на останатите гиганти.