Следниот клуб кој се повлекува од проектот Суперлига е Милан, откако претходно денес тоа го сторија Атлетико Мадрид и Интер. Тие го следеа примерот на англиската шестка која вчера под притисок од навивачите мораше да попушти и да го откаже учеството, а од таборот на Милан велат дека секогаш ќе работат во интерес на навивачите.
„Ја прифативме поканата да учествуваме во Суперлигата со цел да креираме најголемо и најдобро континентално натпреварување токму за фудбалските фанови. Сепак, ние го слушнавме нивниот глас, а штом тие се против Суперлигата, ние секогаш ќе работиме во нивен интерес“, стои во соопштението.
Реал Мадрид, Барселона и Јувентус останаа како последни кои уште настојуваат Суперлигата да се формира во иднина и да биде посебно натпреварување надвор од капата на УЕФА.
Official Statement ➡ https://t.co/470EOAvGlE
Comunicato Ufficiale ➡ https://t.co/HV2CwvxdWh pic.twitter.com/7bSlfVRArb— AC Milan (@acmilan) April 21, 2021