Јувентус не се повлече, туку жали што не може да го реализира проектот

За разлика од останатите гиганти кои се повлекоа од Суперлигата и ѝ се извинија на фудбалската јавност, во соопштението на Јувентус околу (не)повлекувањето од Суперлигата стои дека причината за нивниот потег е што останатите клубови не го испочитувале договорот.

„По барањата на останатите клубови да не продолжат со проектот да се формира посебна лига, Суперлигата не може да се реализира“, стои во соопштението на актуелниот италијански првак.

Останаа Реал и Барселона како единствени од 12-те клуба да излезат со став дали и тие ќе се повлечат од проектот или пак ќе си играат Ел Класико во Суперлигата која дефинитивно згасна уште пред да постои.

- Оглас -

Најнови вести