Откриен договорот кој го потпишаа 12-те несудени суперлигаши (фото)

Германскиот лист „Дер Шпигел“ откри детали од договорот кој го потпишаа 12-те најбогати клубови во Европа за формирање на Суперлигата. Иако овој проект згасна само за два дена, темата уште е актуелна бидејќи не сите гиганти се откажаа од идејата, односно Реал Мадрид, Барселона и Јувентус уште веруваат дека во иднина ќе постои новото елитно натпреварување од затворен тип.

Имено, од откриените детали може да се утврди зошто Флорентино Перес пристиска да се формира Суперлига, но и зошто е сигурен дека клубовите кои веќе го потпишаа договорот, не може лесно да се откажат.

Казната за откажување од Суперлигата наводно изнесува повеќе од 150 милиони евра, односно доколку одреден клуб не го испочитува договорот. Се споменуваа неверојатни суми околу потенцијална заработка на клубовите кои би играле во Суперлигата, како на пример дека победникот ќе добие тројно повеќе од сумата која се заработува со освојување на Лигата на шампионите.

Меѓутоа, не сите 12 основачи би имале идентична заработка, односно само Реал и Барса би инкасирале повеќе од другите. По околу 60 милиони евра повеќе би оделе на сметка на двата шпански гиганти, сума која требаше да се исплати по две одиграни сезони во Суперлигата.

Како што е познато, фудбалот трпи големи финансиски загуби поради пандемијата со корона-вирусот, а токму во тешкиот период Перес издејствува себично и добро е што проектот пропадна.

- Оглас -

Најнови вести