Пандев даде гол, па му го поништија, а потоа и доби жолт картон поради кој нема да игра на дуелот со својот екс клуб (Фото)

Горан Пандев постигна нов гол за Џенова, но судијата го поништи откако ВАР системот сигнализираше фаул над гостинскиот голман на Специја. Пандев воопшто не учествуваше во спорната ситуација на наводниот прекршок, но неговиот погодок не важи.

https://twitter.com/i/status/1385950124476600324

Само неколку моменти откако му го поништија погодокот, Пандев заработи жолт картон поради фаул врз еден противнички играч, а потоа популарниот Гоче се налути поради овие одлуки на судијата сите на штета на Пандев и Џенова.

Поради овој жолт картон, Пандев ќе мора да паузира следниот меч поради суспензија, па нема да може да игра против неговиот поранешен клуб, Лацио.

 

- Оглас -

Најнови вести