Пандев на чекор да ја исполни првата мисија за оваа сезона

Горан Пандев даде гол, но по консултација со ВАР системот, му беше поништен, но за среќа на Џенова тоа не влијаеше многу на крајниот резултат, па домаќините се радува на победа од 2:0 против Специја. Пандев играше до 56 минута, кога беше заменет при резултат 0:0.

Скамача кој влезе на местото на Пандев, погоди за 1:0 во 63 минута, а победата на Џенова ја потврди Шомуродов во 86 минута. Со овие три бода, Џенова стигна до 36 бодови и сега е на 13 место со дури осум бода повеќе од Калјари кој е во зоната за испаѓање. Специја остана на 33 бодови и е на 15 место во Серија А.

На следниот меч, Џенова ќе биде без Пандев затоа што капитенот на нашата репрезентација доби жолт картон денеска и ќе мора да одмора еден меч поради суспензија. Следниот меч Џеова го игра на гости кај Лацио, а на клупата на Џенова ќе го нема ни тренерот Балардини кој денеска доби црвен картон.

Ситуацијата во која му беше поништен голот на Пандев, а потоа и зошто доби јавна опомена може да видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести