Тјери Анри, Денис Беркамп и Патрик Виеира му се придружија на шведскиот бизнисмен Даниел Ек во понудата за купување на фудбалскиот клуб Арсенал. Анри, Беркамп и Виеира се легенди на Арсенал, таму ги минаа најславните денови од нивните клупски кариери, а сега сакаат да раководат со клубот од Лондон.
Фановите на Арсенал пред три дена протестираа против газдата Стен Кронки. Навивачите не се задоволни од раководството на клубот, а милијардерот Ек, кој е навивач на Арсенал, објави дека актуелниот сопственик реши да го продаде клубот, тој би бил заинтересиран да го купи. Кронки засега нема намера да го продаде Арсенал, но можеби вака притисокот од навивачите ќе се засили бидејќи тие сакаат луѓе како Анри, Бергкамп и Виеира да бидат во раководството.