Гвардиола: Поубаво спијам кога не мислам на Нејмар и Мбапе

Според квотите во Sport Life, Манчестер сити е фаворит од четирите полуфиналисти да ја освои Лигата на шампионите, меѓутоа тимот на Пеп Гвардила ќе треба да го надигра актуелниот европски вицепрвак предводен од Килијан Мбапе и Нејмар.

Токму тие двајца вечерва во Париз ќе бидат најголема закана по голот на Едерсон, а Пеп има план како да се брани против ѕвездите на ПСЖ.

„Се потрудив добро да се одморам пред дуелот, поубаво спијам кога не мислам на играчи какви што се Нејмар и Мбапе. Знаеме дека тие двајца се најголемото оружје на ПСЖ, нормално е да се прилагодиме на ситуацијата, но тоа не значи дека треба да заборавиме на нашата игра. Контранападите се она на што ПСЖ најмногу се потпира, а ние ќе се обидеме да ги спречиме бранејќи се како тим“, вели Гвардиола во пресрет на гостувањето во Париз.

Првото петрол-дерби ќе се игра на „Паркот на принцовите“, во стандардниот термин од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести