На ПСЖ – Манчестер сити ќе има пенал и ќе биде промашен!?

Пари Сен Жермен и Манчестер сити се двата најбогати европски клубови кои никогаш во своите истории не успеале да станат европски прваци. Еден од овие два клуба сезонава ќе игра во финалето, а меѓу себе ќе решат кој ќе биде поблиску за сезонава да го оствари својот сон.

Sport Life во својот Специјален сингл нуди неверојатно голема понуда за дуелот на „Паркот на принцовите“. Од тоа кој ќе го даде првиот гол, во која минута ќе биде постигнат погодокот, погодување на стрелец на мечот, број на корнери, дали ќе има пенал, колку жолти картони ќе има и дали некоја екипа ќе остане со играч помалку… Тоа се само дел од комбинациите што може да ги одиграте.

И НАЈСИГУРНИТЕ ИЗВЕДУВАЧИ НА ПЕНАЛИ ЗНААТ ДА ПРОМАШАТ

Само двапати досега играле овие два тима во Лигата на шампиони, и тоа во нокаут-фаза. Во април 2016 година играа во четвртфиналето, а по двомечот, Манчестер сити се пласира во полуфиналето со вкупен резултат од 3:2. Првиот меч во Париз заврши 2:2. Сити поведе со голот на Де Бројне, а Ибрахимовиќ израмни во 41-вата минута. Светците со голот на Рабиот направија пресврт и поведоа со 2:1, но Фернандињо потоа погоди за конечни 2:2 на „Паркот на принцовите“.

ПСЖ може да жали што не победи затоа што уште во 14-тата минута беше досуден пенал за домаќините, но Ибрахимовиќ не успеа да погоди.

Во реваншот, Сити победи минимално со 1:0, со голот на Де Бројне, а интересно е дека и на овој меч беше досуден пенал за домаќините, но и тој беше промашен. Во 30 минута, Граѓаните добија удар од 11 метри, но Серхио Агуеро не успеа да погоди. Ако продолжи оваа мини традиција, вечерва може да очекуваме пенал за домаќините, но и тој удар да биде промашен.

Во Специјалниот сингл понудата за да има прв пенал за ПСЖ е со коефициент 5, додека за Сити да добие прв пенал, квотата е 4!

„ПЛУС“ ЗА БРОЈОТ НА ЖОЛТИ КАРТОНИ

На тие два меча од пред пет години имаше жестока борба на теренот, па имаше и жолти картони. Во Париз беа доделени шест јавни опомени, а на реваншот беа покажани четири жолти картони. Вечерашната понуда за бројот на жолти картони е над 3,5 јавни опомени. Ако се задржи традицијата и има барем четири жолти картони, ќе бидете добитни на коефициент 1.70.

На вчерашниот меч меѓу Реал Мадрид и Челзи беше продолжена една интересна традиција која ви ја посочивме дека е добро да се обложите, а тоа е дека првиот гол ќе падне во период од 11-20 минута. Така и беше, Пулишиќ погоди во 14-тата минута за добитен коефицинет од 5,50!

 

- Оглас -

Најнови вести