Македонија е фаворит во претквалификациите за СП против Швајцарија и Словачка

Македонија ќе игра во Ф групата во претквалификациите за настап на кошаркарскиот Мундијал што ќе се игра во 2023 година, а противници ќе ни бидат репрезентациите на Швајцарија и на Словачка.

Ваков беше распоредот на денешната ждрепка во Берлин за претквалификациите за СП што ќе го организираат Јапонија, Индонезија и Филипини.

Првоплаираните селекции од сите претквалификациски групи ќе играат во квалификациите за Мундијалот во 2023 година, заедно со 24-те селекции што ќе настапат на престојното Европско првенство.

Европа ќе има вкупно 12 места за Светското првенство за две години, што заедно ќе го организираат Јапонија, Индонезија и Филипини.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести