Заврши првото полувреме на толку очекуваниот втор полуфинален дуел од Лигата на шампионите, а ПСЖ води против Манчестер сити со 1-0, со погодок на Маркињос во 15-тата минута.
Бразилецот со капитенската лента, даде гол со глава и влезе во историјата на ЛШ како прв дефанзивец, а вкупно трет по Кристијано Роналдо и Антоан Гриезман, кој дава гол во четвртфинале и полуфинале две сезони по ред. Маркињос и лани погодуваше во четвртфинале и полуфинале, тоа му успеа и годинава.
Анхел ди Марија ја имаше својата 30-та асистенција во ова натпреварување, со што е трети во историјата меѓу активните играчи, зад Меси и Кристијано Роналдо.
https://twitter.com/i/status/1387488001886937096