Гвардиола откри која била тактиката за пресвртот против ПСЖ

Манчестер сити со 2:1 го победи Пари Сен Жермен, и тоа во главниот град на Франција, па сега англискиот тим е многу блиску до пласман во првото финале од Лигата на шампионите. Граѓаните до победата стигнаа со пресврт во второто полувреме, кога негативата од 1:0 ја претворија во победа од 2:1.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, знае како се освојува ЛШ, но со Барселона, а сега е пред крај на мисијата да го постигне најголемиот успех со англискиот тим. Гвардиола вели дека неговиот тим одиграл блескаво второ полувреме против ПСЖ, но и дека работата уште не е завршена.

„Добро го започнавме мечот, но кога примивме гол, почувствувавме како домаќинот притисна. За многу мои играчи ова е првпат да играат полуфинале од ЛШ и имаше притисок. Последните 10 минути од првото полувреме не ги одигравме лошо, а потоа во второто полувреме блеснавме, и тоа во секој аспект. Дадовме два гола, но работата не е завршена. Нѐ очекува реванш следната недела. На играчите им реков дека понекогаш треба да се опуштат и да бидат свои. Затоа победивме. Во второто полувреме бевме многу поагресивни, иако никако не е лесно да се игра против играчи како Мбапе, Нејмар и Ди Марија. Треба да бидеме на исто ниво и на реваншот каде што треба да одиграме добро уште 90 минути“, рече Гвардиола по синоќешната победа.

 

- Оглас -

Најнови вести