Сити во ЛШ израмни рекорд на Лидс стар повеќе од 50 години!

Манчестер сити одигра фантастично второ полувреме на гостувањето кај Пари Сен Жермен и со победа од 2:1 стигна до голема предност по првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. Граѓаните на полувреме беа во негатива од еден гол, но на крајот со високо кренати раце си заминаа од „Паркот на принцовите“.

Со оваа победа во Париз, Сити направи нешто што не ѝ успеало на ниедна англиска екипа во последните 50 години во елитното европско натпреварување на УЕФА (сега ЛШ, претходно КЕШ). Граѓаните победија на шест меча во низа, повторувајќи го успехот на легендарната генерација на Лидс од далечната сезона 1969/70.

Статистиката вели дека секогаш кога англиска екипа ќе победи со 2:1 на гости во нокаут-меч, на реваншот секогаш се радувала на пласман во следната фаза. Ако се гледа тој податок, екипата на Пеп Гвардиола веќе може да размислува на финалето од ЛШ, кое ќе се игра во Истанбул.

Еден од клучните фактори за победата на Сити во Париз беше сопирањето на Килијан Мбапе. Играчот кој даде осум гола во претходните пет меча во ЛШ, синоќа не успеа да упати ниту еден директен удар кон голот на гостите.

 

- Оглас -

Најнови вести