Прифати 50% пониска плата и повторно ќе бидеш главен актер на „Театарот од соништата“

Италијанските медиуми веќе го отселија Кристијано Роналдо од Јувентус ако се знае дека по крајот на оваа сезона Бјанконерите ќе прават ремонт во составот. Португалецот е еден од играчите кои се на излезна врата, а поради една шпекулација се најавува нов земјотрес во фудбалскиот свет.

Имено, Роналдо нема ништо против да се врати во Манчестер јунајтед, но ќе треба да прифати еден услов кој ќе удри по неговиот џеб. Ѓаволите би го примиле назад својот некогашен најдобар фудбалер само доколку прифати 50% пониска плата од моменталната, односно оние 31 милиони евра кои ги заработува во Јуве, да бидат преполовени на 15 милиони евра годишно. Доколку Кристијано се согласи, на Јунајтед ќе му остане да договори цена на трансферот со Старата дама.

Инаку, Роналдо има договор со Јувентус до јуни 2022 година кој го потпиша при 100-милионскиот трансфер од Реал во летото 2018 година.

Во нецели три сезони, Роналдо одигра вкупно 126 натпревари во црно-белиот дрес во кои забележа 97 погодоци, а оваа сезона е најдобар стрелец во Италија со 25 гола на 29 првенствени меча, односно бори 32 погодоци во сите конкуренции.

- Оглас -

Најнови вести