Квоти на денот во сабота како загревање за Лигата на шампионите

Квотите на денот на Sport Life денеска се посебно интересни, а фаворити се три екипи што имаат титули и во домашните првенства и во Лигата на шампионите.

Како увертира за реванш-полуфиналето во Лигата на шампионите, Челзи и Реал Мадрид не би требало да имаат проблеми на домашна почва против Фулам, односно Осасуна, а третиот предлог тип е за дуелот од Серија А меѓу Милан и Беневенто.

Челзи ќе го победи Фулам во лондонското дерби од Премиерлигата и ќе постигне најмалку два гола е првиот предлог во денешните Квоти на денот на Sport Life.

Единицата комбинирана со најмалку два погодоци во мрежата на Фулам, или 1&T1 2+ е со коефициент од 2.05. Челзи со победа ќе остане на четвртото место во англиското првенство, односно во зоната за нов настап во ЛШ, а Фулам бие битка за опстанок, но тешко ќе изненади против ривал што го нема победено од 2006 година.

Вториот предлог тип е дека Милан нема да загуби од Беневенто на „Сан Сиро“ во меч на кој ќе има најмалку по еден гол во двете мрежи. Комбинацијата 1Х&ГГ е со коефициент од 2.20 во Квоти на денот во Sport Life.

Милан бие битка за настап во ЛШ,а Беневенто се бори за опстанок и овде е слична ситуацијата како на дуелот меѓу Челзи и Фулам.

Последниот предлог тип за денеска е за мечот меѓу Реал Мадрид и Осасуна во шпанска Ла Лига. Кралскиот клуб се  бори за титулата во Шпанија и ќе биде ефикасен против гостите од Памплона, па предлогот е да одиграте дека најтрофејниот шпански и европски клуб ќе постигне најмалку еден гол во првото полувреме и два на мечот.

Квотата за Т1 1+I&T1 2+ е 2.05. Сите три натпревари може да се одиграат на ист тикет, а вкупниот коефициент е 9,25 во Sport Life.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести