Италијанските медиуми објавија петминутна снимка од испитот на Луис Суарес при полагањето на испитот од познавање на италијанскиот јазик, ниво Б1 во обид да го засили Јувентус минатото лето.
Иако не ги познава ниту основите на италијанскиот јазик за само еден час Суарес успешно ги положи и усниот и писмениот испит и доби диплома за италијански јазик, што му беше неопходна за пасош.
➡️ Sale a la luz el examen de italiano de @LuisSuarez9
🇮🇹 "Bambino porta cocomero… cocomero… peperoni… frutta e verdura con il carrello"
🇪🇸 "Niño trae sandía… sandía… pimientos… fruta y verdura con el carrito"
📽️ @RepubblicaTv pic.twitter.com/7pGtPLfisY
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) April 30, 2021
Но, планираниот трансфер од Барселона во Јувентус се изјалови, откако и покрај протекциите Суарес не можеше експресно да добие италијански пасош, па Старата дама немаше доволно време да го пријави за настап во Лигата на шампионите.
Потоа почнаа да се откриваат сочни детали за поткуп и влијание на дел од раководните луѓе на Јувентус за да му помогнат на Уругваецот да го положи испитот на Универзитетот во Перуџа.
Најновиот доказ дека работата била матна е видеото што можете да го погледнете, а го објави италијанска „Ла Република“.
Епилогот е Суарес замина во Атлетико Мадрид наместо во Јувентус, а истрагата за можна корупција и влијание врз професорите на Универзитетот во Перуџа за да му прогледаат низ прсти на Суарес се уште трае.