Џек Милер е победник на Мото Гран-При трката во Херес, Шпанија, а клучниот момент што го доведе на највисокото место на пиедесталот се случи на 10 круга пред крај.
Австралиецот на Дукати во тој момент успеа да го мине Фабио Квартараро и потоа и да ја задржи предноста за нова победа во најсилната класа. Ова е втор триумф на Милер во трките од најсилната мото-класа.
https://twitter.com/autosport/status/1388833267164631042?s=20
Зад Милер на пиедесталот се искачи италијанскиот тандем Франческо Бањаја како второпласиран и Франко Морбидели на третата позиција, а во Топ-5 зад нив се Накагами и Мир.