Анчелоти: Добро ја паметам белградската магла од 1988

Карло Анчелоти, како играч на Милан, во 1988 гостуваше кај силната Црвена ѕвезда, но иако беа на прагот на елиминација на легендарниот меч, средбата се прекина поради густата магла, па се одигра утредента и Милан успеа да се пласира понатаму. Тоа беше почетокот на доминацијата на „росонерите“, кои кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години освоија три европски титули.

Во 2006, Анчелоти како тренер на Милан гостуваше на „Маракана“, која сега се вика „Рајко Митиќ“, па вечерва ќе го има третото гостување на најголемиот стадион во Србија.

„Добро се сеќавам на маглата во 1988, за наша среќа, добро поминавме. Ѕвезда тогаш имаше одлични играчи, тој двобој можеше да биде и финале. Тогаш и ни поништија гол, уште не знам зошто. И во 2006 победив, се надевам дека така ќе биде и вечер. Групата е најтешка од сите, секој бод е важен. Ѕвезда е убедлива во домашната лига, ќе има помош од публиката, тие се, би рекол, фасцинантен аутсајдер“, изјави Анчелоти, кој има три титули европски првак, и додаде дека важно им е што во живо ќе ги гледа и претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести