Адетокумбо со 47 поени го реши Бруклин, па рече дека сака да биде како Дурант (Видео)

Интересни натпревари се играа синоќа и рано утрово во НБА лигата. Во центарот на вниманието беше дуелот на Милвоки бакс и Бруклин нетс кој им припадна на Елените со 117-114. Јанис Адетокумбо уфрли дури 49 поени, додека кај поразените Кевин Дурант имаше 42, но тој утна тежок шут за три поени во последната секунда. И покрај утката, Јанис после мечот рече дека му се воодушевува на КД.

„Кевин е еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката. Ако се повлечете и не играте одбрана како што треба против него, тој ќе даде 50, 70 поени. Неверојатно е како шутира со таа висина и како ја контролира топката. Најдобар е, не сум видел такво нешто. Нема да лажам, се угледувам на него“ – изјави Адетокумбо.

Нетс и Бакс би можеле да се сретнат меѓусебе во полуфинале на плејофот на Истокот, и тоа би биле супер натпревари, а во моментов лидер на Истокот е Филаделфија, која синоќа го победи Сан Антонио со кош од одбојка на Бен Симонс во последната секунда.

Лос Анџелес лејкерс загуби од Торонто репторс со 114-121. Во канадскиот тим феноменални беа Паскал Сиакам со 39 поени и 13 скока, и Кајл Лаури со 37 поени и 11 асистенции. Леброн Џејмс играше за Езерџиите, но во средината на последната четвртина замина во соблекувална и не се врати на терен. Далас маверикс загуби од Сакраменто кингс, а во финишот на средбата исклучен беше Лука Дончиќ.

Ова е потегот кој на 76=ките им донесе триумф:

https://twitter.com/i/status/1389048033615118340

- Оглас -

Најнови вести