Му ја „смачка“ главата, ВАР системот реши дека не е ни за жолт картон (Видео)

Тотенхем без многу мака со 4:0 го победи Шефилд јунајтед во меч на кој доминираше Герет Бејл. По речиси од една деценија, Бејл постигна хет-трик и беше најзаслужен за трите бода на лондонскиот тим.

Освен погодоците, дуелот го одбележа и еден опасен старт и дискусијата за тоа дали ВАР системот и судиите донеле правилна одлука. На почетокот на второто полувреме, играчот на Шефилд, Џон Флек со копачката го нагази Џовани Ло Селсо, директно на лицето.

Фудбалерот на Тотенхем со гестикулации покажа колку бил болен тој старт, па судиите решија преку ВАР системот да видат дали имало намера и дали требало да има казна за играчот на Шефилд. По повторената снимка, судиите решија дека стартот бил ненамерен, па Флек не доби ни жолт картон, а не па исклучување.

 

- Оглас -

Најнови вести