Беше најскап играч во Бундеслигата – Баерн ќе се раздели со својата амајлија

Баерн објави дека ќе му дозволи на Хави Мартинес да си замине од клубот по девет години минати во редовите на најтрофејниот германски клуб.

„Хави има посебно место во историјата на Баерн. Со него освојувавме само титули и тој на некој начин е нашата амајлија. Си беше свој, некако посебен играч и на него со радост ќе се сеќаваме. За жал, некогаш мора да дојде и до разделба. Му посакуваме успех во понатамошната кариера“, изјави Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баерн.

Мартинес пристигна во Баерн во 2012 година за сума од 40 милиони евра, што тогаш беше рекорд во историјата на Бундеслигата.

Од пристигнувањето на Шпанецот во Баерн, гигантот ги освои сите 8 титули по ред, а на прагот е и деветтата во оваа сезона што е при крај.

Хави може да се пофали и со пет пехари од Германскиот куп и со два вредни трофеи од Лигата на шампионите.

Сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, а има интерес од клубови од МЛС-лигата, потоа и од Кина, а можно е да се врати и во Шпанија бидејќи е најавено дека има можност да се врати во Атлетик или да им се приклучи на Валенсија или Вилјареал.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести