Интер си направи шампионска прослава во тренинг-центарот (Видео)

Екипата на Интер си направи прослава на шампионската титула во својот тренинг-центар. На фудбалерите, стручниот штаб, медицинскиот тим, директорите им се придружија и другите вработени во клубот, како и сопственикот Стивен Џанг, кој го отвори шампањот и одржа краток говор.

Интер 11 години го чекаше Скудетото, по 19-ти пат се прваци, го надминаа Милан, кој има 18 трофеи, па затоа и радоста беше голема. Играчите го фрлаа во воздух тренерот Антонио Конте и на симболичен начин му се „реваншираа“ за сето она што тој им го правеше на тренинзите и на мечевите во изминатите месеци. 

Меѓу најзаслужните за титулата се напаѓачите Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинес.

Клубот објави и кратко видео од прославата:

- Оглас -

Најнови вести