Европската фудбалска куќа планира финансиски да ги санкционира 12-те клуба кои пробаа да формираат сопствена Суперлига, додека за оние клубови кои и натаму настојуваат да се оствари проектот, казните ќе бидат поригорозни.
Засега Барселона, Реал Мадрид, Јувентус, Интер и Милан не се откажуваат целосно од Суперлигата, а казната за тоа ќе биде две години суспензија, односно неиграње во европските купови.
Во меѓувреме, УЕФА најде заеднички јазик со Арсенал, Атлетико Мадрид, Челзи, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Ливерпул дека нема да се реактивираат во проектот.
На УЕФА во пресрет ѝ излегоа и неколку раководства на топ 5 лигите во Европа, како на пример Италијанската федерација, која воведе правило при издавањето лиценца за Серија А калчолигашите да прифатат дека исклучиво ќе играат во натпреварувањата кои се под капата на УЕФА и ФИФА.