Флоријан Тован е на прагот да се согласи на неочекуван ангажман и да потпише за мексиканскиот гигант Тигрес, каде што веќе настапува искусниот сонародник Андре-Пјер Жињак и е жива легенда на клубот.
Иако Тован има понуда од Милан и Кристал палас како слободен играч да се пресели или во калчолигашот или во премиерлигашот по крајот на сезоната, намерата му е да се проба во сосема различна фудбалска култура од европската.
Мексико изненадно стана атрактивна дестинација за француските фудбалери, а Тован може да биде следниот странец од Стариот Континент кој би го покорил мексиканскиот фудбал.