Расел Вестбрук е на чекор до историски подвиг во НБА-лигата откако ноќеска го запиша својот 180-ти трипл-дабл во кариеарата. Ѕвездата на Вашингтион со 13 поени и по 17 скока и асистенции придонесе за Визардс да слави минимално по продолженија на гостувањето кај Торонто со 131:129.
Следните два тројни учиноци ќе го направат рекордер во НБА, но прво ќе мора да застане рамо до рамо со легендарниот Оскар Робертсон. Инаку, Вестбрук ноќеска забележа уште едно интересно остварување.
Имено, тој е првиот играч по Стив Неш кој во три последователни меча имал по 17 или повеќе успешни додавања за кош – сегашниот тренер на Бруклин ваков учинок имаше во декември 2007 година како играч на Феникс.
https://twitter.com/NBA/status/1390517834883735555
Овосезонската битка за Ел-Еј им припадна на Клиперси по победата од 118:94 над шампионот Лејкерс, по што тимот на Тајрон Лу ја доби меѓусебната серија во регуларниот дел со 3-2. Лејкерси се далеку послаби без Леброн Џејмс, а воедно Дејвис одигра нецели 10 минути, што беше најава за четвртиот пораз на Езерџиите во последните пет меча.
Со овој пораз, шампионите се најдоа во незавидна ситуација и сега им виси пласманот во разигрувањата. Лејкерс е на шестото место на Западот со учинок 37-29 на шест меча до крајот на регуларниот дел, а ист биланс има и седмопласираниот Портланд.
Останати резултати НБА:
Шарлот 99:120, Далас 113:109 Бруклин, Детроит 111:97 Мемфис, Индијана 133:126 Атланта, Голден стејт 118:97 Оклахома.