По ждрепката за групите на ракометното Европско првенство кое ќе се игра во јануари 2022 година, данскиот селектор Николај Јакобсен во својата прва изјава рече дека можеле да минат и полошо, но и подобро, а не ја спомна Македонија, која им е еден од трите ривали во групата во унгарскиот град Дебрецин заедно со Словенија и Црна Гора.
„Можеше да биде полошо, но и подобро. Среќен сум што Франција и Исланд не се во нашата група, но ме нервира што од последниот шешир се паднавме со Црна Гора, тоа беше тимот што сакав да го избегнеме. Како и да е, сигурен сум дека ќе ја поминеме групата, а потоа ќе имаме многу тешки противници“, рече Јакобсен.