Ајван Тони од Брентфорд сезонава во втората англиска лига, позната како Чемпионшип, постигна 31 гол, што е нов рекорд во ова натпреварување со долга традиција.
Тони кој три години беше член на Њукасл, но не доби шанса таму, потоа замина во третолигашот Питерборо, а сега има 25 години и за него се интересираат многу клубови, најмногу Челзи кој бара замена за Тами Абрахам кој треба да си оди, и Вест Хем чиј тренер Дејвис Мојс за Тони мисли дека е напаѓач каков што им треба.
Неговиот трансфер во поголем клуб е сигурен ако Брентфорд не влезе во Премиерлигата. Брентфорд ќе игра плејоф за влез во елитата. Претходниот голгетерски рекорд во Чемпионшип го држеше Глен Мареј со 30 голови во една сезона.