Ристевски даде гол во најлудиот меч одигран денеска во Европа

Кире Ристевски со својот Ујпешт победи во еден од највозбудливите натпревари сезонава, не само во Унгарија, туку во европските елитни првенства. Ујпешт на свој терен со 5:4 го победи Залаегершег, во меч од 33. коло. Со оваа победа Ујпешт скокна на шестото место на табелата со 42 бодови.

Серијата погодоци започна уште во осмата минута кога поведоа гостите. Сепак, Ујпешт брзо возврати и до крајот на првото полувреме даде три гола за добра предност по првите 45 минути. Залаегершег првите 20 минути од второто полувреме даде два гола и стигна до 3:3.

Во 70 минута Кире Ристевски погоди за повторно водство на Ујпешт, овојпат од 4:3. Во 78 минута беше досуден пенал за гостите, кој не беше реализиран, но од одбиената топка сепак погодија за 4:4. Кога се мислеше дека дуелот ќе заврши нерешено 4:4, во 90 минута, напаѓачот на Ујпешт, Беридзе погоди за 5:4 и крај на неверојатниот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести