Финалето заврши, но наместо поделба на медали, имаше поделба на боксови и клоци (Видео)

Секој меч кој одлучува за освојување на трофеј носи неизвесност, напнатост и нервоза, но тоа што се случи во Бразил е за чудење. Бахија и Цеара играа во финале на еден од многуте тамошни купови. Цеара победи во првиот меч на гости, па се надеваше дека на реваншот, на свој терен ќе слави титула.

Сепак, Бахија поведе со 2:0, а домаќините пред крајот намалија на 1:2. Бидејќи во овој куп не важи правилото гол постигнат на гости, мораа да се шутираат пенали. Во пенал-рулетот гостите беа попрецизни и победија со 4:2, освојувајќи го трофејот.

По завршување на мечот наместо ферски подадена рака, се случи невиден хаос. Додека организаторите ја местеа бината за доделување на медалите, играчите на двата тима и челновите на стручните штабови започнаа да се тепаат. Речиси 10 минути траеше „војната“ на теренот, па на крајот мораше да реагира и полицијата.

https://youtu.be/K6CLBHl_gVY

 

- Оглас -

Најнови вести