Бокс фешта пред 73.000 гледачи (Видео)

Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез го победи Били Џо Сандерс во боксерскиот спектакл кој се одржа на стадионот во Далас. Мечот на кој Канело Алварез ги обедини титулите во ВБА, ВБЦ и ВБО верзиите го следеа неверојатни 73.126 гледачи.

Борбата беше решена по завршување на осмата рунда, кога судијата во рингот мораше да го прекуне дуелот поради повредата што ја имаше Сандерс на десното око.

За Алварез ова беше 56 победа во кариерата, во која има само еден пораз и две нерешени. За Сандерс ова беше прв пораз во кариерата, во која има и 30 победи.

„Знаев дека исходот на крајот ќе биде ваков. Милам дека му го разнесов лицето и знаев дека нема да се врати во рингот“, рече Алварез по мечот кој е втор по посетеност во историјата на боксот, по тој на Мухамед Али и Леон Спинкс во 1978 година.

https://youtu.be/E83n9U86OqE

- Оглас -

Најнови вести