Се одигра најчудниот меч сезонава – Поведоа со 2:0 по 4 минути, па си заминаа со полна мрежа голови

Ауе и Падерборн го одиграа најчудниот меч сезонава, што заврши со дури 11 голови, како најефикасен во Втората германска лига во овој циклус на натпревари.

Домаќините поведоа со 2:0 за само четири минути од стартот на мечот, имаат и стрелец што забележа хет-трик, но сепак на крајот загубија со неверојатни 3:8 и со полна мрежа на голови.

Репрезентативецот на Азербејцан Димитриј Назаров за само 240 секунди постигна два гола за Ауе и домаќините по само 4 минути игра водеа со 2:0.

Потоа се случи чудесен пресврт, па Падерборн со чети гола по ред замина на полувреме со комплетен пресврт и предност од 4:2. Голови се редеа и во второто полувреме во најефикасниот меч сезонава во популарната Цвајта.

Назаров пак беше стрелец за хет-трик во 55. минута и најави нов пресврт, но гостите беа расположени и со нова сероја од 4 гола победија со 8:3.

Досега во историјата на Втората германска лига само на еден меч две екипи искомбинирале повеќе голови од денешниот одигран во Ауе.

Во 1997 година Кајзерслаутерн и Мепен одиграа незаборавен меч што заврши со победа на КФЦ од 7:6 и тоа се уште е рекорд во популарната Цвајта.

 

 

- Оглас -

Најнови вести