Пари Сен Жермен не успеа да победи на гостувањето кај Рен, ремизираше 1-1 и остана на три бода зад лидерот Лил на две кола до крајот на сезонава во француската лига. Лил во последните две кола игра дома со Сент Етјен и на гости кај Анже, па им треба четири бода за сигурно освојување на трофејот, што би било големо изненадување ако се знае каков скап играчки кадар имаат париските Светци.
ПСЖ од сомнително досуден пенал дојде во водство, но Рен изедначи во 71-вата минута. ПСЖ веќе осум кола по ред прима гол.
Ова е голот кој може да значи збогување на ПСЖ со титулата:
Le corner est magnifiquement frappé, Guirassy avec un timing parfait, dans la lucarne !#SRFCPSG https://t.co/iCNBdqtPRk
— Le Twittos du SRFC (@xzregy) May 9, 2021