Пет топ македонски тенисери играат на турнир во Приједор

Турнирот во босанскиот град Приједор, кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари, е еден од ретките годинава на кој се појавиле дури петмина македонски тенисери.

Томислав Јотовски и Горазд Србљак го минаа првото коло од квалификциите, а денеска Јотовски успеа да ја мине и втората пречка, го надигра Лазар Војиновиќ со 7-5, 6-0, и последна пречка пред настап на главниот турнир му е Словенецот Миклавчич. Србљак на убедлив начин го мина првото коло, но, за жал, беше поразен од Словенецот Димиќ со 6-7, 7-5, 7-10.

Во квалификациите испаднаа Обрад Марковски, кој имаше силен противник и загуби од Хрватот Кекез со 4-6, 3-6, потоа Стефан Мицов, кој испадна од Лазар Миличевиќ, и Бесир Дургути од Словенецот Купчич.

- Оглас -

Најнови вести