Реал Мадрид рака под рака со Силекс, Милан е рекордер (Фото)

Реал Мадрид сезонава во шпанската лига изведе само три пенали, а против Кралскиот клуб беа досудени осум најстроги казни, па со минус од пет пенали, актуелниот шпански првак е меѓу екипите со најлош однос на „про и контра“ пенали во Европа.

Ова е неверојатно лош податок како за клуб кој уште се бори за титула. Реал уште од 2008/2009 немал сезона во која биле досудени повеќе пенали против, отколку за тимот. Конкурентите на Реал, Атлетико Мадрид (7-4) и Барселона (8-5), шутнаа по три пенали повеќе отколку што нив им беа шутирани. Помалку пенали од Реал сезонава во Ла Лига изведе само Кадис.

Од 730 тима во сите лиги во Европа, најтрофејниот шпански клуб со односот 3-8 е дури на 683-тото место. Тука околу него се претежно мали клубови, а се појавува и кратовски Силекс, кој исто така има минус 5, со тоа што за Силекс се досудени два, а против кратовци седум пенали.

Првото место во Европа по бројот на изведени пенали сезонава го држи Милан со 17. Следува Монако со 15 и Вилјареал со 13.

- Оглас -

Најнови вести