Мајката на Роналдо еуфорична: Одам во Торино да го убедам да се врати во Спортинг! (Видео)

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро, додека ја прославуваше титулата на нејзиниот омилен Спортинг Лисабон, на навивачи им порача дека уште денеска ќе замине во Торино да разговара со нејзиниот син и да го убеди да се врати во редовите на португалскиот тим. Познато е дека Роналдо е многу приврзан за мајка му, и тешко ќе му биде да ја одбие.

Уште ако Јувентус не се пласира во Лигата на шампионите, сериозно би се отворила опцијата за враќање на Роналдо во неговиот матичен клуб.

„Утре одам во Торино да разговарам со него, и ќе го убедам во следната сезона да игра за Спортинг“ – им рече Долорес на навивачите.

https://twitter.com/i/status/1392496867645313025

- Оглас -

Најнови вести